Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Комплексот на бог“ кај некои директори создава вештачки недостиг од работна сила

„Комплексот на бог“ кај некои директори создава вештачки недостиг од работна сила

Додека дел од технолошката елита предупредува на „апокалипса од вештачка интелигенција“ која ќе избрише милиони работни места, првиот човек на Nvidia, Џенсен Хуанг, нуди поинаква перспектива – дека ваквите предупредувања се претерани и штетни за економијата.

Во неодамнешно интервју, Хуанг истакна дека лидерите кои предвидуваат крај на програмирањето и масовно исчезнување на почетните работни позиции страдаат од таканаречен „комплекс на бог“.

  • -Тоа се изјави на луѓе како мене – директори. Од некоја причина, кога ќе станете CEO, мислите дека знаете сè. Мора да бидеме внимателни и да се држиме до фактите – изјави Хуанг.

Тој предупредува дека ваквата реторика може да ги обесхрабри младите да се насочат кон инженерските професии, во време кога тие се поважни од кога било.

  • -Ако ги убедиме младите да не стануваат софтверски инженери, а се покаже дека светот има поголема потреба од нив, тоа ќе биде огромна штета – нагласи тој.

Хуанг смета дека една од главните заблуди е мешањето на задачата со суштината на професијата. Додека задачата на програмерите е пишување код, нивната вистинска улога е иновација, решавање проблеми и откривање нови потреби.

И покрај тоа што вештачката интелигенција го олеснува кодирањето, тоа не значи намалување на побарувачката за кадар. Напротив, според Хуанг, развојот на AI веќе создал повеќе од половина милион нови работни места, бидејќи компаниите што ја користат технологијата растат побрзо и имаат потреба од нови вработени.

Како објаснување, тој го посочува таканаречениот Џевонсов парадокс – економска теорија според која поголемата ефикасност во користењето на одреден ресурс всушност ја зголемува неговата вкупна потрошувачка.

  • -Кога парните машини го направија јагленот поефикасен, Британија не трошеше помалку, туку повеќе јаглен. Истото го гледаме и денес со AI – објаснуваат економистите.

Според Хуанг, наместо ограничена побарувачка за код, иднината носи експоненцијален раст на потребите, особено во области како здравство, наука и трговија.

Тој заклучува дека вештачката интелигенција нема да ги замени луѓето, туку ќе го прошири пазарот за нивните вештини, па наместо страв, фокусот треба да биде на едукација на нови генерации кои ќе ја користат технологијата за решавање на сложени глобални предизвици.

Бонитет

Фото: Пекселс/ Mikhail Nilov

Слично

Поврзани вести