Економија, финансии, бизнис

Контакт

Компанијата што е прецизно поделена помеѓу Владата и „Макпетрол“ со зголемена добивка

Компанијата што е прецизно поделена помеѓу Владата и „Макпетрол“ со зголемена добивка

Акционерското друштво ГА-МА АД, во сопственост на Владата на РМ и во сопственост на „Макпетрол“ како фирма-ќерка кое стопанисува со македонскиот гасовод во минатата година, оствари добивка од 139,8 милиони денари, што е зголемување во однос на претходната година кога добивката изнесувала 110,1 милиони денари, покажува извештајот за работењето на компанијата објавен преку Македонската берза. 

Владата и „Макптерол“ АД Скопје учествуваат во подеднаков сооднос (50%:50%) во акцинерскиот капитал на ГА-МА АД Скопје. Основната дејност на друштвото е цевоводен транспорт. Просечен број на вработени во друштвото со состојба на 31 декември 2017 година изнесува 53 лица (2016 : 48 лица). 

„Макпетрол“ ќе мора да го продаде својот дел од преносниот гасоводен систем или пак ќе мора да ја продаден фирмата- ќерка за снабдување со гас која сега е единствена која работи снабдување со гас на македонскиот пазар.

 Суштински важна работа на пазарите со природен гас е дека сопственик или косопстевник на преносниот гасоводен систем не смее и не може да биде сопственик на фирма која врши снабдување со природен гас. Тоа е правило секаде во земјите од Европската унија и од Македонија подолго време се бара тоа прашање да се регулира со новиот закон за енергетика. 

Тоа значи дека во брз иднина ќе мора да се реши статусот на ГАМА , претпријатие кое сега го поседуваат македонската Влада и „Макпетрол“ и кое е сопственик на преносниот гасоводен систем.

За сопственоста врз системот за пренос на гас се води дологодишен судски спор меѓу Владата и „Макпетрол“ и колку што е познато во јавноста спорот се однесува на несогласувања околу тоа кој е доминантен сопственик кој има 51 отсто од капиталот. 

На 21 мај Собранието го донесе законот за енергетика во целина.

Слично

Поврзани вести