Економија, финансии, бизнис

Контакт

Компаниите повторно влегуваат во меѓусебни долгови ?!

Компаниите повторно влегуваат во меѓусебни долгови ?!

Имаме тендеција на преголема влуменозност на администрацијата, а капацитетот за подбрување на условите за животот на граѓаните и за социо-економскиот развој во континуитет недостасува,  смета универзитетскиот професор Леонид Наков, и додава дека ако се погледне бројот на вработени во централаната власт или во локалните претпријатија тие се блиску до бројот на вработените во здравството.

„Она што е видливо во Македонија, независно од големата бројка е дека се уште има недостиг на квалитетна, професионална и деполитизирана админситрација. Тоа е јасно нотирано во сите извештаи за напредокот на Македонија,“ изјави Наков во „Економски магазин“ на Алсат-М.

Стопанството бара доследна примена на Законот за финансиска дисциплина, што е донесен на први мај 2014 година. Почна да фунционира како што треба, но сега има проблеми во плажањата.

„Сега има пак некои сигнали дека во последниве неколку месеци повторно се заостанува во меѓусебното плаќање. Тоа не е добро. Треба да се применува Законот за финансиска дисциплина, затоа што санкциите се високи и тие се ретроактивни. Претпоставуваме дека причините се поради одредена несигурност со целокупната состојба во земјата, но и во опкружувањето и тековната ликводност  постојано е прашање како да се одржува , и ако може некогаш да се задоцни со плаќањата, но тоа не е добро“,  изјави за „Економски магазин“ Митко Алексов од Сојуз на стопански комори за Алсат-м.

Гледајте вечерва Економски магазин во 22 часот и 30 минути на Алсат-М

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/rmQC4MGESLE[/embed]
Слично

Поврзани вести