Економија, финансии, бизнис

Контакт

Компаниите не смеат да трпат негативни последици од политичката нестабилност во државата

Компаниите не смеат да трпат негативни последици од политичката нестабилност во државата

Домашните компании треба да бидат основата за раст на македонската економија, а не смеат да трпат негативни последици од политичката нестабилност во државата.

Ова е пораката од денешната средба на  дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов со извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева.

Двајцата соговорници разговарале за  проблемите со кои се соочуваат компаниите, а се однесуваат пред се во рамките на надлежностите на институции кои се поврзани со надлежностите на Министерството за финансии како што се Управата за јавни приходи и Царинската управа.

На средбата беше порачано дека е неопходно навремено исплаќање на обврските од страна на државата кон приватниот сектор по основ на извршени работи и услуги, како и поврат на средства по основ на даноци, како предуслов за обезбедување на потребната ликвидност во стопанството.

Слично

Поврзани вести