Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМПАНИИ ШИРУМ СВЕТОТ БАРААТ НОВИ РЕЗЕРВИ: Koлку тони злато има во српските рудници?

КОМПАНИИ ШИРУМ СВЕТОТ БАРААТ НОВИ РЕЗЕРВИ: Koлку тони злато има во српските рудници?

Се смета дека 700 тони злато има во српските рудници. 

Податоците на Министерството за рударство и енергетика, покажуваат дека 31 компанија во моментов вршат применети геолошки истражувања за злато и сродни метали на територијата на Србија. Тоа е скоро двојно повеќе од бројот на трагачи по овој благороден метал отколку пред една година, објави Политика.

„Златото најчесто се наоѓа во асоцијација со бакар, а ископот на руда, од која меѓу другото се добива злато, го вршат три компании“, велат од Министерството за рударство и енергетика.

Билансот на минерални суровини на крајот на 2022 година, кој го подготви Геолошкиот завод на Србија, покажува дека вкупните докажани резерви на бакарна руда, злато и сродни метали  се околу 1,7 милијарди тони.

Податоците од Светскиот совет за злато покажуваат дека досега на планетата се ископани околу 210.000 тони злато, а само една четвртина од него останува скриено под земја. 

Фото: Ал Џазира Балканс / принтскрин

Слично

Поврзани вести