Економија, финансии, бизнис

Контакт

Компании од регионот бараат работници за одржување на бродови

Компании од регионот бараат работници за одржување на бродови

Бродотрогир компанија од Хрватска бара повеќе стотици работници кои се неопходни за производство. Конкурсот не е временски ограничен, отворен е и за понатаму.

Имено, неопходни им се бродомонтери, бродоелектричари, бродобравари, заварувачи и мајсторски работниви, додека книгата со порачки е полна.

Освен локални нарачки, имаат порачки и од Финска, специјален такнер за навигација, а во план е опремување на уште еден МР танкер од 45 000 tdw, втор во серија два брода, од кои првиот е во завршна фаза на опремување.

Потпишана е и спогодба за изградба на серија од четири хемиски танкери за навигација во Северното море и Балтикот.

Вкупната вредност на инвестицијата е 200 милиони американски долари.

Не е задолжително, но добро би било работниците да имаат работно искуство, доколку немаат, се нуди можност за оспособување на работници во Установи за образување на „Бродотрогир“.

Слично

Поврзани вести