Економија, финансии, бизнис

Контакт

Компании од електронската индустрија сакаат да инвестираат во Македонија

Компании од електронската индустрија сакаат да инвестираат во Македонија

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида и економскиот промотор на Македонија во САД Дејан Величков учествуваат на Глобална конференција за производители на електронски компоненти EDS 2013, што од 6 до 9 мај се одржува во Лас Вегас.

EDS 2013 e глобален собир на компаниите од индустријата на eлектронски компоненти на кој учествуваат над 400 производители од светот.

Директорот Фида и економскиот промотор остварија  средби со претставници на глобални компании од оваа индустрија кои имаат планови за експанзија во иднина.

Од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот информираат дека неколку компании се сериозно заинтересирани за можностите што ги нуди Македонија и веќе најавиле дека ќе ја посетат во летниот период.

Остварени се и средби со компании кои веќе ја посетиле Македонија и се пред донесување финална одлука за инвестирање, а реализирани се и контакти со компании кои веќе инвестирале во Македонија.

Слично

Поврзани вести