Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМПАНИИ: Кој добива, а кој губи?

КОМПАНИИ: Кој добива, а кој губи?
Топлификација, во третото тромесечје има зголемена добивка за 77%. Односно, годинава добивката изнесувала 13,5 милиони денари, а лани изнесувала 7,6 милиони денари.  Приходите од продажба се намалени за 5% и изнесуваат 32,4 милиони денари. Пад на добивката за 6% регистрираше Фершпед во првите девет месеци од годинава споредено со истиот период лани. Односно, сега добивката на компанијата изнесува 34,4 милиони денари, додека лани изнесувала 36,6 милиони денари. Вкупните приходи се намалени за 14%. Односно, од почетокот на годинава, до септември годинава, изнеусвале  2, 17 милијарди денари, а лани во истиот период изнесувале 2,53 милијарди денари. Намалување има и кај расходите за 15%. Па така, годинава до септември изнесувале 2,13 милијарди денари а лани изнесувале 2,50 милијарди денари. Градежната компанија Бетон Скопје во првите девет месеци од годинава ја зголемила својата добивка за 41%. Добивката на оваа компанија изнесува 57,3 милиони денари, а лани изнесувала 40,7 милиони денари. Вкупните приходи на крајоот од третото тромесечје имаат 1% раст.  Изнесуваат 1,91 милијарда денари, а лани изнесувале 1,89 милијарда денари. Намалување има кај расходите, за 7%. Односно, тие годинава до карјот на септември изнесуваат 1,99 милијарди денари, а лани изнесувале 2,14 милијарди денари. Мермерен комбинатв Прилеп во третото тромесечје има пад на добивката од 31%. Односно, годинава изнесувала 266 милиони денари, а лани изнесувала 387 милиони денари. Приходите од продажба се намалени за 18%. Па така на крајот на септември годинава изнесуваат 743 милиони денари, а додека лани во истиот период изнесувала 911 милиони денари. Добивката на Хотели Метропол до крајот на септември годинава е намалена за 13%. Таизнесува 36,4 милиони денари, а лани во истиот период изнесувала 41,8 милиони денари. Вкупните приходи се намалени за 2%. На крајот на третото тромесечје од годинава изнесувале 134,2  милиони денари, а лани изнесувале 136,6 милиони денари. Расходите изнесуваат 95 милиони денари, исто колку и лани во истиот период. Загубата на Сковин, до крајот на септември годинава изнесувала 87,3 милиони денари, а лани изнесувала 50,8 милиони денарри. Оносно е зголемена за 71%. Вкупните приходи на компанијата се намалени за 24%. Односно, годинава на крајот не септемрви изнесуваат 150,5 милиони денари, а лани во истиот период изнесувале 199,2 милиони денари. Расходите на компанијата се намалени за 27%. Изнесуваат 200,6 милиони денари, а лани во истиот период изнесувале 275,9 милиони денари. Интернешнел Хотелс на крајот на третото тромесечје годинава покажуваат загуба од 303.000 денари, за разлика од лани во истиот период кога биле во добивка од 6,4 милиони денари. Приходите на компанијата во истиот период се намалени за 12%. Годинава изнесуваат 62,3%, а лани изнесувале 70,7 милиони денари. Расходите на компанијата изнесуваат 61 милиони денари и се на исто ниво како и лани. Жито Лукс на крајот на септември годинава е во загуба од 20,7  милиони денари, за разлика од лани во истиот период кога загубата изнесувала 46 милиони денари.  Приходите на компанијата во третото тромесечје споредено со истиот период лани се намалени за 3%, и изнесуваат 834 милиони денари. Нето –добивката на Пелистерка на крајот на септември годинава е намалена за 30% во споредба со истиот период лани. Односно, сега изнесува 19,2 милиони денари, а лани изнесувала 27,3 милиони денари.  Вкупните приходи на компанијата се зголемени за 24%. Годинава во третто тромесечје изнесуваат 406,5 милиони денари, а лани изнесувале 328,9 милиони денари. Додека расходите годинава изнесувале 361,1 милиони денари, додека лани изнесувале 281,6 милиони денари. ФЗЦ 11 Октомври, има нето загуба од 129,7 милиони денари, а лани оваа загуба во третото тромесечје од годината изнесувала 137,5 милиони денари. Вкупните приходи во третото тромесечје од годинава изнесуваат 111,1 милиони денари,  лани изнесувале 293,6 милиони денари. Тоа е за 38% помалку. Додека, вкупните расходи се намалени за 19%, односно годинава изнесувале 308,8 милиони денари, а лани изнесувале 379,3 милиони денари. Охис  во третото тромесечје од годинава е во загуба од 45,4 милиони денари, а лани во истиот период изнесувала 52,2 милиони денари. Вкупните приходи на компанијата на крајот н септември годинава изнесувале 38 милиони денари, а лани 25,1 милиони денари. Тоа е 51% повеќе. Додека, вкупните расходи  се големени за 8%. Односно годинава во третото тромесечје изнесувале 83 милиони денари, а лани изнесувале 77 милио ни денари. РЖ Услуги во третото тромесечје од годинава покажуваат нето загуба од 7,9 милиони денари. Додека лани во истиот период биле во добивка од 3,2 милиони денари. Вкупните приходи годинава на крајот на септември изнесувале 79 милиони денари, а лани во истиот период изнесувале 132 милиони денари. Односно се намалени за 40%. Попова Кула, во третотот тромесечје од годинава има раст на добивката за 17%. Односно, на крајот на септемрви годинава изнесувала 3,4 милиони денари, додека лани изнесувала 2,9 милиони денари. Вкупните приходи годинава на крајот на септември изнесуваат 37,7 милиони денари, а лани изнесувале 29,9 милиони денари.. Односно, се зголемени за 26%. Расходите во третото тромесечје изнесуваат 33,2 милиони денари, додека, лани изнесувале 26 милиони денари. Окта покажува добивка од 135,5 милиони денари во третото тромесечје од годинава. Лани пак во истиот период била во загуба од 340,3 милиони денари. Приходите од продажба се намалени за 11%. Годинава на крајот на септември приходите изнесувале 14,7 милијарди денари, а лани 16,6 милијарди денари. С.Н.
Слично

Поврзани вести