Економија, финансии, бизнис

Контакт

,,Комити” : Прават меѓуетнички тензии, за да ја дефокусираат јавноста

,,Комити” : Прават меѓуетнички тензии, за да ја дефокусираат јавноста

Навивачката група ,,Комити” демантира дека нивни членови стојат зад вчерашниот напад во Скопје, каде беа претепани 5 лица и еден малолетник од Батинци.

Тие тврдат дека овој инцидент е намерно предизвикан за да се дефокусира јавноста, преку подгревање на меѓуетнички тензии.

„Нападот со филувани дезинформации до јавноста го организира еден центар во државата на кој во моментот им одговара дестабилизација на меѓуетничките односи. Проанализирајте ги медиумите и порталите кои ги пласираат намерните дезинформации и ќе ви стане јасно кој и со какви цели го прави ова. На кого во државава му одговара народот да биде дефокусиран од вистинските и суштински проблеми со кои се соочува државата и мислите да ги насочи кон бомбастични вести и т.н.„проблем со навивачки хулигани” да избие во прв план“, велат од таму.

Во соопштението, од навивачката група себе си се нарекуваат ,,дежурни виновници”, бидејќи како што велат, секогаш се неосновано и избрзано јавно напаѓани и судувани.

Инаку, вчера имаше два инциденти, еден на плоштадот Македонија и еден во населба Карпош 3, во кои физички беа нападнати петорица жители од Батинци.

Слично

Поврзани вести