Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комисијата за помилување останува советодавно тело на претседателот

Комисијата за помилување останува советодавно тело на претседателот
Од кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов реагираа со соопштение, во врска со написи во одредени медиуми дека со одлуката на Уставниот суд се укинува и Комисијата за помилување. Оттаму велат дека Комисијата не се укинува и е постојано работно тело на претседателот на Република Македонија. Комисијата за помилување е формирана во 1991 година врз основа на Одлуката за организација и делокруг на работа на Кабинетот на претседателот на Република Македонија. „Комисијата за помилување постоеше и пред донесувањето на измените на Законот за помилување во 2009  и како и досега и понатаму ќе продолжи да функционира како советодавно тело на претседателот. Претседателот Иванов, како и досега, така и во иднина, во извршување на оваа негова  уставна ингеренција ќе се води исклучиво според законите, односно одлуките за помилување ќе ги носи согласно постапката и одредбите од Законот за помилување“- стои во соопштението од кабинетот на Иванов. Од кабинетот велат дека Иванов досега не коментирал и нема да коментира одлуки на Уставниот суд.
Слично

Поврзани вести