Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комисијата за импичмент на Иванов оди на Управен суд заради несоодветна застапеност?

Комисијата за импичмент на Иванов оди на Управен суд заради несоодветна застапеност?

Пратеничката од СДСМ, Рената Дескоска кажа дека не е обезбедена соодветна застапеност на членовите во комсијата и дека донесената одлука ќе ја обжалат пред Управниот суд.

Собранието попладнево со 52 гласа „за“ и 33 „против“ на 103 седница ја донесе одлуката за формирање Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција, поднесен од страна на опозицијата.

Комисијата брои 11 члена, од кои 6 од ВМРО-ДПМНЕ, по два ќе имаат СДСМ и ДУИ, а ДПА ќе има еден член. Претседател на комисијата е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.

„Комисијата за импичмент треба да има претседател и 10 члена, со тоа што треба да биде обезбедена соодветна застапеност од пратеничките групи и од пратениците кои не се огранизирани во пратенички групи. Каква е таа соодветна застапеност, кога ВМРО-ДПМНЕ добива апсолутно мнозинство во Комисијата, а такво нема во Собранието. Согласно соодветната застапеност на пратеничката група на СДСМ, во Собранието ние треба да имаме 3 члена, а вие 5. Согласно вашето самоволие вие сте ни предложиле ние да имаме два члена, а вие шест“ – вели Дескоска.

Тоа е комплетно незаконито, додава пратеничката.

Слично

Поврзани вести