Комисијата почна со работа – утврдува што се случи на 24-ти декември!
За два месеци треба да биде готов конечниот извештај за тоа што точно се случи во Собранието на 24-ти декември. Денеска беше составена комисијата која треба да ги расчисти инцидентите чии членови на се сретнаа кај претседателот Ѓорге Иванов.
За претседателот на комисијата професорот Борче Давитковски, постои волја за расчитување на настаните и кај едните и кај другите. Од утре, најави Давитковски членовите почнуваат со работа. Тие прво ќе треба да усвојат деловник за работа. Потоа ќе треба да ги утврдат фактите за случувањата, но без носење политички заклучоци.
,,Ние утврдуваме факти, нема да носиме политички заклучоци, зашто тоа не е наша работа. Ние сме експертски тим, ќе ги забележиме фактите, може да дадеме препораки за евентуално подобрување на деловникот или некој закон – ако е тоа причина за настаните од 24-ти декември. Јас ќе гледам дали е постапено според законот или не, а другото понатаму ќе го решава политиката“, изјави Давитковски.
Како членови на комисијата се Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, додека во име на СДСМ во комисијата учествуваат професорите Рената Десковска и Љубомир Фрчкоски.
Слично
