Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комисијата ги одби предложените измени од Поповска во Законот за заштита од дискриминација

Комисијата ги одби предложените измени од Поповска во Законот за заштита од дискриминација

Лилјана Поповска предложи измени на Законот за заштита од дискриминација барајќи во него да се вметне и ЛГБТ заедницата.

Таа објасни дека тоа го бара и Европа и им посочи на пратениците дека треба да го гласаат пред повторно да има критики од Европската Комисија во следниот извештај кој сега се пишува.

Законот не ја доби поддршката.

Комисијата за труд и социјална политика едногласно не го усвои предложениот закон.

Имено, денес во законодавниот дом се одржува  второ продолжение на 62. седница на која на дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.

Пратениците ќе расправаат и по предлог законите за изменување и дополнување на Законот за волонтерство, Законот за исплата на платите во Република Македонија,  Законот за заштита од вознемирување на работно место, Законот за европски работнички совет, Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување,  Законот за вработување на инвалидни лица,  Законот за инспекцијата на труд, Законот за агенциите за привремени вработувања, Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност,  Законот за евиденциите од областа на трудот,  Законот за адвокатурата, Законот за спречување на корупцијата, по скратена постапка, Законот за вештачење,  Законот за медијација, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за странската информативна дејност во Република Македонија, Законот за матичната евиденција, Законот за приватно обезбедување, Законот за прометот со експлозивни материи, Законот за заштита од експлозивни материи, Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, Законот за странците, Законот за детективската дејност, Законот за гранична контрола, Законот за архивски материјал, сите по скратена постапка.

На дневен ред на ова продолжение е и Предлог на закон за изменување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, по скратена постапка.

Слично

Поврзани вести