Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комисија за заштита на конкуренцијата: Маркетите да не договараат цени

Комисија за заштита на конкуренцијата: Маркетите да не договараат цени

Комисијата за заштита на конкуренцијата се огласи по поскапувањето на нафтата и средбата на премиерот Христијан Мицкоски со големите синџири на маркети.
Од КЗК им порачаа на маркетите да не ги договараат цените на прехранбените производи меѓусебно.
- Комисијата за заштита на конкуренцијата внимателно ги следи движењата на пазарот и однесувањето на пазарните учесници во трговијата со прехранбени производи.

Во услови на пазарна економија, цените ги формираат самите компании, но тие се должни тоа да го прават независно, без меѓусебни договори или координација.

Комисијата ќе продолжи со континуиран мониторинг на пазарот и, доколку се појават индиции за забранети договори или злоупотреба на пазарна моќ, ќе постапи во согласност со своите законски надлежности, со цел обезбедување фер конкуренција и заштита на потрошувачите, соопшти КЗК.


Слично

Поврзани вести