Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комерцијалните станови во Скопје, Охрид и Струмица со намалени цени

Комерцијалните станови во Скопје, Охрид и Струмица со намалени цени

Како што информираше денска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески дека на последната седница на Влада е усвоено цените на комерцијалните станови во Скопје, Охрид и Струмица да се намалат. Цените ќе бидат намелени на 192 комерцијални станови  изградени од страна на АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Најголемо намалување на цените има во Охрид, цената на становите таму е намалена за 100 евра по метар квадратен. Слободни станови во Охрид има 40, а цената е намелена од 700 до 599 евра по метар квадратен.

Во Скопје цената ќе биде намалена за 30 евра по метар квадратен, од 880 евра цената е намелена на 850 евра по метар квадратен. Слободни комерцијални станови за продажба во Скопје има 126.

Во Струга становите се намалени за 70 евра по метар квадратен односно од 570 на 500 евра по метар квадратен. Слободни станови кои ќе бидат ставени на продажба има 26 кои се наоѓаат на улицата „Горѓи Василев“.

„Со оваа одлука немаме намера да го нарушиме пазарот на надвижности, напротив сакаме да понудиме цени кои се подостапни за граѓаните  заинтересирани да купат стан изграден од државата. Со оваа одлука сакаме да ги доближиме граѓаните до проектот Купи куќа, купи стан“, изјавил министерот Јанакиески.

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов поради големата заинтересираност за проектот „Купи куќа, купи стан“ најави изградба на нови три згради од кои едниот објект ќе се наоѓа во централното градско подрачје, додека другите два објекти ќе се наоѓаат во општината Карпош.

Слично

Поврзани вести