Комерцијална банка ги зголемува каматите на кредитите
Поради зголемување на основната каматна стапка на благајничките записи за 0,75 п.п., почнувајќи од 01.06.2016 година Комерцијална банка изврши зголемување на каматните стапки на долгорочните денарски штедни влогови (орочени на 12, 24 и 36 месеци) од 0,20 до 0,40 п.п., а истовремено изврши намалување на каматните стапки на дел од орочените девизни штедни влогови и тоа кај ЕУР од 0,01 до 0,20 п.п. и кај другите валути од 0,10 до 1,30 п.п..
Истовремено, Комерцијална банка не изврши зголемување на каматните стапки на кредитите за стопанството, како ни на најатрактивните кредитни производи за населението-станбени и потрошувачки кредити со ЕУР клаузула, а изврши зголемување на дел од денарските кредити за население за максимум 0,5 п.п. годишно.
Согласно Договорот за кредит, Банката ќе испрати писмено известување на домашна адреса на кредитокорисниците, кое содржи податоци за извршената промена, висината на каматната стапка и податоци за висината на месечниот ануитет по промената на каматната стапка.
