Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комерцијална банка реагира: Вработен нема можност да го злоупотреби сефот

Комерцијална банка реагира: Вработен нема можност да го злоупотреби сефот

Комерцијална банка излезе со своја реакција за наводната кражба на пари од приватен сеф на чување во филијалата во Битола кој е втор ваков инцидент. Од Комерцијална банка посочуваат дека е невозможно да биде извршена злоупотреба од страна на вработените бидејќи постојат строги прописи и заштитни мерки.

„Досегашните наоди на Внатрешната инспекција на банката укажуваат на правилна примена на интерните процедури и законските прописи. Во првопријавениот случај од 05.10.2016, не се утврдени неправилности во сефовското работење. Досегашните истражувања на второпријавениот случај, не упатуваат на насилно и неовластено отварање на сефот. Бидејќи сметаме дека се работи за непотврдени случаи на внатрешна злоупотреба, нагласуваме дека не постои техничка можност овластен вработен во банката самостојно да отвори сеф. Сефовите имаат два клуча од кои едниот е во депото на НБРМ, а вториот кај корисникот на сефот. Согласно законските прописи Банката нема увид во содржината која корисниците ја чуваат во сефовите“ соопшти Комерцијална банка.

Банката ја исклучува можноста од вмешаност во овие два наводни случаи на злоупотреба, а бидејќи не е исклучено евентуално повторување на вакви или слични пријавувања, банката укажува дека секое лажно пријавување подразбира кривична одговорност“, се наведува во соопштението на Комерцијална банка АД Скопје.

Случајот е пријавен кај надлежните органи и се очекува нивната истрага да ги покаже вистинските детали околу исчезнувањето на парите, со тоа што Комерцијална банка во целост ќе соработува.


Слично

Поврзани вести