Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Комерцијална банка“: Нето приходи од камати и провизии поголеми за 15 милиони евра!

„Комерцијална банка“: Нето приходи од камати и провизии поголеми за 15 милиони евра!
Загубата за третиот квартал 44,1 милиони денари и е за 37 отсто пониска од просекот на загубата за првите два квартали кој изнесува 70 милиони денари „Комерцијална банка“ во периодот јули-септември го зголемила нето приходот од камати за 700 милиони денари, а нето приходот од провизии и надоместоци за 228,5 милиони денари, покажуваат најновиот квартален неконсолидиран и неревидиран биланс на успех што таа компанија го објави на сајтот на Македонската берза за хартии од вредност. Истовремено со растот на приходите растеле и резервациите што, согласно законските обврски, банката ги прави за пласманите и тоа за 574 милиони денари, во периодот јули-септември, до вредност од 1,42 милијарди денари за првите девет месеци годинава. Нивото на загуба заради оштетување на финансиски средства, на нето основа, во овие три месеци е зголемено за 21,5 милиони денари до износ од 285,6 милиони денари за првите девет месеци годинава. „Комерцијална банка“ во првите девет месеци остварила приходи од камати во висина од 2,88 милијарди денари што претставува пад од 271,8 милиони денари во споредба со приходите од камати што ги остварила во истиот период лани. На ниво на нето приходи од камати падот на приходот е околу 120 милиони денари што е резултат на помал обем на работа на банката во споредба со лани. Помалиот приход од основна дејност веројатно значи дека обемот на кредитирање е намален во споредба со лани, но ова е само претпоставка зашто во овој квартал е објавен само билансот на успех од кој не може да направи увид во нивото на кредитирање, податок што се обајвува во билансот на состојба.Кај помалата, но важна приходна ставка, провизиите и надоместоците банката успеала да го задржи ланското ниво на нето приходи кои изнесуваат 664 милиони денари. Од другите приходни ставки значано подобрување банката остварила во делот на нето приходи од курсни разлики каде приходот за девет месеци е 85,4 милиони денари, а лани бил 37,2 милиони денари за истиот период. За сметка на тоа пак банката има пад на приходите од останатите дејности и тие во првите девет месеци годинава изнесуваат 107,7 милиони денари и се пониски за 82,6 милиони денари од истиот период лани. Резервациите на средства за лоши кредитни пласмани за првите девет месеци изнесуваат 1,42 милијарди денари и во споредба со истиот период лани се пониски за 417 милиони денари. Во третиот квартал во однос на првите шест месеци годинава резервациите пораснале за 573,6 милиони денари од износот 846,4 милиони денари. Тоа претставува раст на резервациите за пласманите што е повисок од просекот за првите два квартали за 120 милиони денари. Мало зголемување има и на загубите заради оштетување на финансиски средства на нето основа. За првите девет месеци годинава тие изнесуваат 285,6 милиони денари и се значајно повисоки од истите за првите девет месеци лани кога изнесувале 123,5 милиони денари. Првите девет месеци годинава „Комерцијална банка“ книжи загуба од 183,7 милиони денари (околу 3 милиони евра). Во третиот квартал во споредба со полугодието загубата е зголемена за 44,1 милиони денари. Во споредба со првите девет месеци лани банката годинава има помала загуба за 110 милиони денари. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести