Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комерцијална банка ја објави дивидендата! Колку ќе биде?

Комерцијална банка ја објави дивидендата! Колку ќе биде?

Комерцијална банка објави дека на претстојното акционерско собрание ќе се гласа за одобрување на дивиденда во бруто износ од 620 денари за акција, пишува во предлог одлуката што е доставена за гласање на акционерите на 30 март годинава. Официјалниот предлог всушност е потврда на анализата на „Фактор“ во која прогнозиравме дека добивката ќе биде над 10 евра.

Оваа одлука значи дека во нето износ по одбивање на персоналецот секој домашен акционер физичко лице ќе добие 558 денари нето дивиденда за секоја акција. 

На последната цена од вчера приносот е 5 отсто. Дивидендата ќе биде исплатена на 27 април, значи за два месеци од сега. Овој принос, за акции купени денеска, ќе биде неспоредливо поповолен од приносот што го носат каматите за орочени девизни депозити (на месечно ниво).


Слично

Поврзани вести