Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коментирајќи ја состојбата во БиХ, Милановиќ рече дека Србите се само фуснота за Русите

Коментирајќи ја состојбата во БиХ, Милановиќ рече дека Србите се само фуснота за Русите

Србите се само фуснота за Русите, ништо не им значат, вели хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. 

Тој повтори дека договор во БиХ не може да се постигне без Србите и нивните претставници. Хрватскиот претседател смета и дека одредени бошњачки елити во моментот им создаваат проблеми на босанските Хрвати, а не тамошните Срби, пренесува Индекс.хр.

„Тоа е факт. Кој мислеше експресно брзо да им пие крв на Србите, греши“, рече тој.

Според него, Србите сигурно сфатија во какви глупости влегоа и дека тие се само фуснота за Русите. 

„Тие не значат ништо за Русија“, рече Милановиќ. 

Вели дека Србите ќе разберат дека би било корисно за нив да влезат во Европската унија, но не и во НАТО, што според него е непотребно.

Милановиќ, денеска изјави дека Босна и Херцеговина е аберција и пореметување што е такво веќе 25 години поради, како што кажа, поради европските комесари.

Слично

Поврзани вести