Комеморативна седница за загинатите пилоти – утре ден на жалост во Македонија
Во Домот на АРМ во Скопје претпладнево се одржа комеморативна седница за четворицата полициски пилоти кои го загубија животот во катастрофалната хеликоптерска несреќа кај Струмица.
На комеморативната седница на која присуствуваа бројни припадници на МВР и роднини на трагично настраданите колеги беше отворена и книга на жалост.
Пилотите Драги Мицев, Иљо Лопатички и Тоде Орешков ќе бидат погребани утре во Скопје, а погребот на пилотот Марјан Трајковиќ, ќе се одржи денеска во 13 часот, во неговото родно Куманово.
Владата го прогласи утрешниот за ден на жалост во Македонија заради смртта на четворицата врвни пилоти. Причините за хеликопптерската несреќа се уште се утврдуваат, а истрага спроведува 11-члена експертска комисија, што ја предводи Јавното обвинителство.
Слично
