Комбинатот Фени експресно доби стечаен управник
Комбинатот Фени експресно доби стечаен управник, oбјави Телма. Откако вчера трите банки
Комерцијална, Стопанска и Силк роуд поднесоа барање до велешкиот суд, денеска
веќе е отворена предстечајна постапка, како стечаен управник е назначен Мирослав
Анастасиевски од Гостивар а првото рочиште е закажано за 13 ноември. Во објавата
на Централен регистар како сопственик на Кавадаречки Фени се појавува бугарската
фирма Енекод. Во објавата пишува дека по отворање на предстечајната постапка се
одредува општа забрана за располагање со имотот на должникот.
Слично
