КОМАНДИР И ЗАМЕНИК КОМАНДИР МЕЃУ ПРИВЕДЕНИТЕ, МВР во синоќешната акција на ГП Табановце привела девет лица
За злоупотреба на службена положба во синоќешната полициска акција на ГП „Табановце“ се приведени командир, заменик командир, раководител на смена, како и шест полицајци, потврди денеска на брифинг со медиумите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На ГП „Табановце“ синоќа беше акција на Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвнителство за гонење организиран криминал и корупција.
Поради одвивањето на акцијата на граничниот преми имаше неколкучасовен застој и долга колона возила.
Фактор синоќа објави видео од гужвите на Табановце. Граѓани алармираа дека рампите на граничниот премни беа спуштени, а пореди гужвите кои се створија на граничниот премин патниците алармираа дека смрзнуваат и посочуваат дека не знаат до кога ќе чекаат, бидејќи возила не се пропуштаат на ниту една страна.
