Економија, финансии, бизнис

Контакт

Командант Куштрими: ОНА е одговорна за нападите на полициските станици

Командант Куштрими: ОНА е одговорна за нападите на полициските станици
Откако ја презеде одговорноста за истреланите проектили врз зградата на Владата на Република Македонија, Ослободителната национална армија повторно се огласи со соопштение до медиумите. Овојпат тврди дека нејзина е одговорноста за нападите со бомби врз полициските станици во Тетово и Куманово. Во истото соопштение се вели дека групата нападнала полициски станици и во Скопје и Гостивар но дека за овие два инцидента немало никаква информација во јавноста. „Вечерта на 9 декември во 20 часот силите на ОНА координирано стрелаа во близината на полициските станици на Бит Пазар – Скопје, специјалната единица Илинден – Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово“, се наведува во соопштението од ОНА. На соопштението кое го објави агенцијата на албански јазик ИНА, е потпишан извесен Куштрими, исто како и на соопштението во кое истата организација ја презема одговорноста за пукањето кон Владата „Земјата се наоѓа пред нов конфликт. Затоа го повикувам меѓународниот фактор да се вмеша за да се избегне ескалација на ситуацијата“, се вели во текстот на соопштението. Во продолжение на текстот пишува дека и Албанците во земјава имаат право да се огласат со свој став по однос на името и знамето како и за сите државни симболи. „Да се ослободат затворените од наместените случаи, а оние кои ги монтирале и поттикнале да се казнат. Им порачуваме на политичките псевдопартиски празни зборови од типот на интернет јунаците и безнадежните политички прокламации, да не ги употребуваат и да не ѝ служат свесно на шовинистичката арогантна власт во Македонија“, стои во понатамошниот текст. Министерството за внатрешни работи не ги коментира ваквите аниномни пријави и соопшти дека истрагата за овие случаи се уште е во тек, како и  дека се уште не е познато дали всушност станува збор за напад врз полициските станици.
Слично

Поврзани вести