Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкумина дојдоа на протестот: Затворени централни улици во Белград поради „1 од 5 милиони“

Колкумина дојдоа на протестот: Затворени централни улици во Белград поради „1 од 5 милиони“

Пред Собранието на Србија почна протестот „1 од 5 милиони“, собир на граѓани и опозицијата „Сите како еден“.

Протестот почнал со химната на Србија и песната на Владислав Петковиќ Дисо „Наши денови“, која ја рецитирал актерот Хаџи Ненад Маричиќ.

На протестот дошле и луѓе од други градови во Србија. Според првични проценки на српското МВР пред собранието се собрале помеѓу 7 300 и 7500 луѓе од цела Србија.

Учесниците на протестот носат српски знамиња и транспаренти на кои покрај задолжителното „Еден од пет милиони“, го пишува и градот од кој дошле.

Пред Собранието на Србија се и Драган Џилас, Вук Јеремиќ, Борис Тадиќ, Зоран Лутовац, Никола Јовановиќ и Радо Трајковиќ, пишува Б92.

Прв говорник е професорот Чедомир Чупиќ кој рекол дека Србија треба да се ослободи а отпорот дека нема цена.


Foto>Tanjug

Слично

Поврзани вести