Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку заштеди Индија од увоз на евтина руска нафта?

Колку заштеди Индија од увоз на евтина руска нафта?

Индија заштеди околу 12,6 милијарди долари за малку повеќе од три години од увоз на руска нафта по пониски цени.

Покрај тоа, зголемениот увоз на руска нафта во Индија и Кина помогна да се избегне значителен меѓународен скок на цената на овој енергенс по почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, што донесе дополнителни заштеди кои не беа вклучени во оваа пресметка, објави денеска весникот „Индијан експрес“.

Индиските претставници истакнуваат дека Русија не е санкционирана на ист начин како Иран или Венецуела, но нафтата е предмет на системот на ограничување на цените на Групата седум (Г7) и Европската Унија, дизајниран да обезбеди снабдување, а воедно да ги ограничи приходите на Русија.

foto EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Слично

Поврзани вести