Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку заработувале македонските работници во ноември лани?

Колку заработувале македонските работници во ноември лани?

Македонските работници во ноември лани во просек заработувале по 29.130 денари, објави Државниот завод за статистика(ДЗС). Ова е сумата за нето плата. 

Просечната месечна исплатена бруто-плата била 43.509 денари.  Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година е 105.6. Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: стручни, научни и технички дејности (14,4%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11,5%) и информации и комуникации (11,3%). 

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека платите растат. 

„Како што најавив, следната недела започнува социјалниот дијалог за зголемување и на минималната плата во државата, заедно со синдикатите и компаниите. Дополнително, следува зголемување и на пензиите“, вели тој. 

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, има во секторите: дејности во врска со недвижен имот (3,9%), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,5%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2,9%).

Слично

Поврзани вести