Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку заработуваат професорите во Франција?

Колку заработуваат професорите во Франција?

Министерството за образование на Франција објави податоци за движењето на просечната нето плата на наставниците во 2023 година во таа земја, а според извештајот, просечната нето плата на еден наставник изнесувала 2.920 евра месечно.

Наставниците во основните училишта имале најниски плати, со просечна нето плата од 2.680 евра, додека платата на наставниците во средните училишта се разликувала во однос на училиштата или предметите, објавува BFM TV.

Наставниците по општи предмети имале просечна плата од 2.970 евра, наставниците по физичко образование 3.000 евра, а наставниците во стручните училишта 3.190 евра месечно.

Највисока просечна плата постигнале професорите со повисоки титули, со 3.930 евра месечно.

Министерството ги објаснува разликите во платите со помалиот удел на надоместоците што ги добиваат наставниците во основните училишта, како што се надоместоците за дополнителни часови.

За разлика од вработените во приватниот сектор, платите на наставниците во јавниот сектор можат да се намалуваат од година во година.

Ова може да биде резултат на намалено работно време или губење на надоместоци поврзани со претходни одговорности, како што е улогата на одделенски наставник.

foto freepik.com/8photo

Слично

Поврзани вести