Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку заработи Волт во првата година во работењето во Македонија?

Колку заработи Волт во првата година во работењето во Македонија?

До податоците дојде редакцијата на Фактор, а финансиските показатели покажуваат дека „ВОЛТ ТЕХНОЛОЏИС СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје“ во 2025 година остварила приходи од околу 14,99 милиони евра. Во истиот период, расходите изнесувале околу 14,93 милиони евра, а годината компанијата ја завршила со загуба од околу 6,2 илјади евра.

Бројките упатуваат дека Волт за кратко време успеал да изгради силно присуство на македонскиот пазар и да оствари значителен обем на работа. Приходите од речиси 15 милиони евра во текот на 2025 година ја покажуваат големината на обемот на работа што компанијата го остварила на македонскиот пазар.

Официјалните податоци покажуваат и дека компанијата во 2025 година имала 28 вработени. Сепак, секојдневната слика на терен покажува значително поголем број доставувачи, особено на велосипеди и скутери. Причината за тоа е што овој дел од ангажманите вообичаено се реализира преку посебни агенции и надворешни соработници, што е чест модел кај платформските компании.

Финансиските резултати покажуваат дека Волт во Македонија веќе работи со висок промет, а загубата е симболична во однос на вкупните приходи. Воедно, ваквото брзо ширење на пазарот донесе и посилен конкурентски притисок врз веќе присутните сервиси за достава, кои се соочија со нови пазарни околности и засилена трка за корисници, ресторани и доставувачи.

За домашниот пазар, влезот на ваков меѓународен бренд и ваквиот обем на приходи во првата целосна година од работењето претставуваат показател дека сегментот на онлајн достава продолжува да расте, а Волт очигледно успеал брзо да стане препознатлив и широко користен сервис меѓу граѓаните.


- Филип Костов


Слично

Поврзани вести