Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку заработи новиот градоначалник на Крушево од бизнисот со познатиот крушевски локум?

Колку заработи новиот градоначалник на Крушево од бизнисот со познатиот крушевски локум?

Новиот градоначалник на Крушево, Нико Чонески, е бизнисмен познат по производството на, како што често вели тој, најдобриот крушевски локум.

Фирмата што ги произведува познатите крушевскиот локум и целуфки, освен што има своја продавница и производствена работилница на различни адреси во Крушево, своите брендови ги дистрибуира во малопродажба низ целата земја и може да се најдат насекаде.

За да стане нов градоначалник на Крушево, Чонески го препушти сопствеништвото во „Тагас Балкан“ на блиското семејство. Традиционалниот крушевски локум е семеен бизнис околу 100-тина години.

Според официјалните податоци за 2024, „Тагас Балкан“ е регистрирана како фирма во 2001 и има шифра на дејност „Производство на останати прехранбени производи, неспоменати на друго место“. 

Минатата година остварила приходи од 150.000 евра и има раст од 4 отсто. Друштвото минатата година ја заврши со шест вработени. За резултатите за 2025 ќе треба да се почекаат завршните сметки напролет. Половина од сопствеништвото досега беше на Нико, а другиот половичен удел го поседува Михаил Чонески.

Чонески од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори со само 19 гласа разлика го победи досегашниот градоначалник на Крушево, Томе Христовски од СДСМ, во вториот круг. Христовски водеше по првиот круг, но во вториот круг се случи пресврт и Чонески со 2.662 гласа или 48,59% е избран за нов градоначалник на Крушево.

Со ова, Томе Христовски по два мандати ќе ја напушти градоначалничката функција и ќе ја предаде на Нико Чонески, кој ветува целосна промена на Крушево преку нови проекти и визија за развој на градот.

А.К.

Слично

Поврзани вести