Колку заработи една од најуспешните компании за дијагностика и лабораторија во Македонија?
Групата за дијагностика и лабораторија Авицена Доо имала
приходи од продажба од 526.504.000 денари во 2017, согласно извршениот
ревизорски извештај за финансиската состојба за изминатата година, што е за безмалку
60.000.000 повеќе во однос на 2016-та.
Чистата добивка по оданочување покажува дека е 99.702.000 денари, слично како и во 2016-та кога изнесувала 96.117.000 денари.
Трошоците за плати, односно за вработени изнесуваат 119.459.000 денари во 2017, што е повеќе од година претходно кога тие биле 110.010.000 денари.
Во 2017 зголемени се трошоците, односно вложувањата во набавна вредност на стоки и материјали за нешто повеќе од 15 милиони денари во однос на година дена претходно кога тие биле 180.585.000 денари.
Слично
