Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку загубија најбогатите луѓе поради победата на Трамп?

Колку загубија најбогатите луѓе поради победата на Трамп?

Вкупната  состојба на најбогатите луѓе на светот е намалена за 41 милијарди долари поради победата на Доналд Трамп на изборите за претседател во САД. 

Такви пресметки направи агенцијата „Блумберг", цитирана од лента.ру. Според нив, најмногу е засегнат од ваквите случувања најбогатиот човек во Мексико, Карлос Слим-Елу. Неговите загуби се проценуваат на 9,2% од вредноста на неговите средства, или 5,1 милијарди долари. Состојбата на другите најбогати Мексиканци е намалена за 6.5%. На четвртото место меѓу мексиканските богаташи Ева Гонди Ривера на пример загубила 487 милиони долари. Најголемите загуби меѓу мексиканските претприемачи се поврзани со тоа дека националната валута, песо, за еден ден  загуби речиси 10%, достигнувајќи мининум за последните десет години.

Слично

Поврзани вести