Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку задолжи и што раздолжи Тевдовски за 40 дена?

Колку задолжи и што раздолжи Тевдовски за 40 дена?

За прв пат констатираме состојба во која се раздолжени повеќе пари одошто се задолжени. Тоа е периодот од 26 април до 7 јуни годинава.  Долгот денеска, додека го читате овој текст, изнесува 1,52 милијарди евра и е понизок за 1,1 милиони евра. Тоа е намалување од 0,07 отсто. Волја има, резултат нема. Со ова темпо за една година од сега долгот ќе биде помал за помалку од 1 отсто...

Министерството за финансиии ја намали главницата на државниот долг во обврзници и во записи за 68 милиони денари односно над 1,1 милиони евра, во периодот од 26 април до вчера (7 јуни), покажуваат најновите официјални податоци што редовно почна да ги објавува овој државен ресор.

Според достапните податоци новото задолжување во периодот од 26 април (кога беше објавена претходната табела до вчера кога е објавена најновата табела) новото задолжување изнесува 2,868 милијарди денари во периодот од 40 дена, а раздолжувањето изнесува 2,936 милијарди денари.Нето исходот за овој период е помала главница на долг спрема кредиторите во обврзници и во записи за 68 милиони денари.

Каква е структурата на задолжувањето?

Според достапните податоци новото задолжување е реализирано во записи со рок на отплата од 12 месеци и во мал дел во 15 годишна обврзница. На 6, 8 и на 15 мај годинава државата се задолжила за 2,58 милијарди денари, а на 5 јуни се задолжила уште 337,65 милиони денари со рок на отплата од 15 години.

Во овие 40 дена државата враќала на три фронта.Кај записите со рок на отплата на 6 месеци се вратени 1,31 милијарда денари и тоа се случило на 6 јуни. Кај 12 месечните записи во два наврати на 8 и на 15 мај се вратени вкупно 865 милиони денари. Во мај е направено уште едно расчистување на долг и тоа кај 5 годишната обврзница. Тука се вратени уште 757 милиони денари.

Колку денеска државата должи во записи и во обврзници?

Според официјалните податоци денеска државата должи 94,19 милијарди денари односно 1,52 милијарди евра. Тоа е износ колку и сите приходи на централниот буџет за малку повеќе од еден квартал.

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести