Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку време ќе престојуваат авганистанските бегалци во Косово?

Колку време ќе престојуваат авганистанските бегалци во Косово?

САД му се заблагодари на Косово за прифаќањето на бегалците од Авганистанци. 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во телефонски разговор со косовскиот премиер Албин Курти, се заблагодари на Косово за „раниот и великодушен договор за привремен престој на ранливи лица од Авганистан”, соопштија од Стејт департментот. 

Во соопштението се наведува дека државниот секретар Блинкен и министерот Курти ја одбележаа долготрајната соработка меѓу САД и Косово и повторно ги истакнаа заложбите за блиска соработка на заедничките приоритети.  

Со авион на американските воздухопловни сили, минатата недела во Косово стигна првата група од околу 100 авганистански бегалци. 

Косово привремено ќе биде домаќин на околу 2.000 Авганистанци кои работеле за силите на САД, НАТО или други меѓународни организации, а во согласност со косовските закони, ќе им биде обезбеден привремен престој до две години.

Слично

Поврзани вести