Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку време ќе му треба на Западен Балкан за да ја стигне Гермнаија?

Колку време ќе му треба на Западен Балкан за да ја стигне Гермнаија?

Уште многу време треба да помине додека Западен Балкан да ја стигне Германија. 

Причина за загриженост во целиот регион и натаму е сиромаштијата, нееднаквоста, одливот на високо образована работна сила, родовата нееднаквост и вработувањето.

Регионот на Западен Балкан во изминатите неколку години забележа напредок и има позитивна економска перспектива, но треба да поминат пет децении за да го достигне германскиот животен стандард и осум децении да ја достигне Германија. Ова го изјави генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Мајлинда Брег.

Главна тема на состанокот, што во Брисел го организираше Советот во соработка со Канцеларијата на фондацијата Фридрих Еберт, беше одржливиот економски раст и развојот на Западен Балкан, соопшти денеска РЦЦ.

На состанокот присуствуваа голем број претставници на европски институции, дипломатски мисии, аналитички центри, невладини и бизнис организации.

На состанокот во Брисел станало збор за користењето директни странски инвестиции, потребата за развој на национални и регионални политики, како и потребата за ревизија на инструменти за монетарна и фискална политика.

Слично

Поврзани вести