Колку време ќе биде потребно за идентификување на жртвите во Грција?
Процесот на идентификација на жртвите во Грција продолжува.
Грчките медиуми пишуваат дека процесот ќе потрае неколку дена.
Во пожарот што избувна во понеделникот вечерта во Атина и околината загинаа 83 луѓе, а повеќето од нив се целосно изгорени и не е можно веднаш да бидат идентификувани.
Форензичарите сега ги споредуваат нивните ДНК со примероци од нивните роднини.
Во меѓувреме продолжува пребарувањето евентуални жртви од куќа во куќа, а припадниците на крајбрежната стража и нуркачи го пребаруваат морето. Многу луѓе за да се спасат скокнале во морето.
Слично
