Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку вреди продажбата на имотот на Скопски саем?

Колку вреди продажбата на имотот на Скопски саем?

НЛБ и Комерцијална банка соопштија дека поради ненаплатени побарувања од Скопски саем ќе продаваат недвижен имот кој има вкупна вредност од 16,2 милиони евра.

Според објавата на НЛБ Банка склучен е Договор за продажба на имот стекнат врз основа на ненаплатени побарувања од СКОПСКИ САЕМ ДООЕЛ Скопје и САЕМ ИНВЕСТ ДОО Скопје, по цена од 6.480.000,00 евра, без даноци и давачки.

Комерцијална банка исто така објави дека по истиот основ склучен е договор за продажба на имот со СКОПСКИ САЕМ ДООЕЛ Скопје и САЕМ ИНВЕСТ ДОО Скопје, по цена во износ од 9.720.000,00 евра, без даноци и давачки.

Слично

Поврзани вести