Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку вредат сега вложените 100 долари во биткоини пред 10 години

Колку вредат сега вложените 100 долари во биткоини пред 10 години

Цената на биткоинот повторно расте па најпопуларната криптовалута се тргуваше по цена од 59.000 долари, вчера. Моментната вредност на биткоинот е над 59.100 долари.

Биткоинот завчера се движеше меѓу 56.000 и речиси 60.000 долари и беше блиску до рекордниот праг од 61.500 долари.

И покрај тоа што вложувањето во биткоини се сметаше за доста ризично и криптовалутата беше нестабилна, оние кои го чуваа долгорочно остварија неверојатни придобивки. На пример, ако инвестиравте во биткоин тогаш кога беше лансиран за прв пат во 2009 година, вашите приноси сега ќе беа милиони или милијарди, бидејќи почетната вредност на валутата беше 0 долари тогаш.
„Сигурно е инвестиција со најдобри перформанси во последната деценија“, рече Даниел Полотски, извршен директор на CoinFlip, една од најголемите компании за банкомати во САД.
Ако купевте биткоин малку подоцна и го чувавте низ сите подеми и падови, сепак ќе имавте извонредни приноси од почетната инвестиција.
Според пресметките ако некој купил биткоин кога беше 10 центи, околу октомври 2010 година и ако инвестирал 100 долари тогаш добил 1.000 биткоини. Тие сега вредат дури 60 милиони долари. 

Пазарната капитализација на најстарата криптовалута и натаму е над милијарда долари, а вредноста на биткоинот моментно е поголема од две светски мрежи со платежни картички, чија заедничка пазарна капитализација изнесува 871 милиони долари, како и од три најголеми светски банки.

Новиот скок на биткоинот најверојатно се должи на обновениот интерес на големите инвеститори за вложување во криптовалута.


Слично

Поврзани вести