Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку вредат очилата на Груевски?

Колку вредат очилата на Груевски?

Фото од плажа со очила за сонце на македонскиот премиер Никола Груевски ги разгневи социјалните мрежи во Македонија.

На фотографијата се гледа како премиерот Груевски лежи на лежалка. Бранот од огорченост и илјадниците коментари за „украсени со дијаманти очила за сонце во вредност над 60 000 долари“ ја натераа прес-службата на Владата да издаде специјално соопштение.

Во него се вели дека „очилата на Никола Груевски може да се купат во секој продавница за очила и тие се со просечна цена“. Од кабинетот на Груевски прецизираа и дека тој заедно со своето семејство неколку дена е на одмор во Израел.

Неделникот „Фокус“, кој ги објави фотографиите, прецизира дека „во последните години Груевски одмарал во Турција, каде бил специјален гостин на турскиот претседател Ердоган, но очигледно оваа година е променета дестинација“.

civk

По социјалните мрежи се шири рекламната фотографија на очилата на Груевски „Maybach Eyewear“ и нивната цена - 60 000 долари.

Меѓутоа, доколку малку истражите ќе ја дознаете сами вистинската цена.

Всушност се работи за моделот Maybach Diplomat I и не се работи за модел со вградени дијаманти.

Цената на овој модел не е 60 000 долари туку 2.159 долари и моделот се изработува рачно, во Германија.

ocila-gruevski-01

Слично

Поврзани вести