Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку вработени има во јавниот сектор во Македонија?

Колку вработени има во јавниот сектор во Македонија?

Регистарот кој го објави Министерството за информатичко општество и администрација, покажува дека во 2015 година во јавниот сектор во Македонија работеле вкупно 128.347 вработени.

Најмногу вработени имало во јавните установи, вкупно 64.168, по што следат органите на државна власт со вкупно 40.196 вработени, јавните претпријатија со 18. 239 и локалната власт која брои 5.744.

Гледно по институции, во земјава постојат 1.288 институции, од кои најмногу има во областа образование, по што следи здравство, државна управа, комунални работи и култура, а најмалку институции се од областа на законодавството и разузнавањето.

Нешто повеќе од половина, или вкупно 763 институции се од локално ниво, додека останатите 525 се институции на централно ниво.

Во институциите на централно ниво работат 77.389 вработени од кои најмногу (19.855) се вработени во здравство, додека на локално ниво во институциите работат 50.958 од кои најмногу (вкупно 11.926) се вработени во јавните претпријатија.

(Извор: Капитал.мк)

Слично

Поврзани вести