Колку украински бегалци најдоа работа во Германија?
Институтот за истражување на трудот од Нирнбег објави студија која вели дека украинските бегалци побрзо се интегрирале на германскиот пазар за труд за разлика од другите бегалци.
Педесет проценти од украинските бегалци, 3,5 години по доаѓањето во Германија, се вработени. Тие од доаѓањето во Германија поседуваат работна дозвола, интегрирани се во социјалните системи во иста мера како германските државјани, за разлика од сириските бегалци.
„Централната движечка сила на брзата интеграција на Украинците на пазарот на трудот беше брзиот пристап до јазични курсеви и канцеларии за вработување“, наведе Јулија Косјакова, една од авторките на студијата.
Украинските бегалци кои се вработени во сектори со ниски плати, како што стои во документот, сè уште се принудени да бараат некаков вид државна поддршка, како што е надоместокот за домување.
Студијата укажува и на тоа дека поголем број мажи се вработени отколку жени.
„Тоа се должи на фактот дека многу жени во Германија пристигнале со малолетни деца, што ја отежнува интеграцијата на пазарот на трудот“, укажуваат истражувачите.
Воедно, бегалците од Украина кои страдаат од воени трауми имаат помала веројатност да работат во споредба со нивните сонародници без такви последици.