Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку турски туристи угости Македонија во август годинава?

Колку турски туристи угости Македонија во август годинава?

Во август годинава во Македонија дошле над 226.000 туристи, а најголем дел од нив се од Турција. 

Бројките на Државниот завод за статистика(ДЗС) покажуваат дека 226.179 туристи  оствариле 846 221 ноќевање. Од нив 48 отсто се домашни, а 52 отсто странски туристи. Најбројни се туристите од Турција - 49.093, 10.309 дошле од Србија, 5.202 од Романија, а 5.075 од Холандија.

Според ДЗС, 73,4 отсто од вкупниот број на ноќевањата во август се реализирани од домашните туристи, а 26,6  отсто од странските туристи.

Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 6,8 отсто, односно кај домашните туристи има намалување за 1,4, а кај странските зголемување за 11,6  отсто. Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 1 отсто, односно кај домашните туристи има намалување за 4, а кај странските има зголемување за 8,1 отсто.

foto Wikipedia/Sashoilievski

Слично

Поврзани вести