Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку туристи прими Македонија во јули?

Колку туристи прими Македонија во јули?

Во јули годинава за разлика од лани, земјата ја посетиле повеќе туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2016 година изнесува 129 656,  а бројот на ноќевањата изнесува 526 693.  Бројот на туристите во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, е зголемен за 8.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 1.2%.  Бројот на домашните туристи во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, е зголемен за 5.9%, а бројот на  странските туристи е зголемен за 10.7%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, е намален за 0.4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5.5%. Во периодот јануари-јули 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите  е зголемен за 8.5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8.6%, а кај странските има зголемување  за 8.5%.

Од јануари до јули 2016 година, во однос на истиот период лани, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2%, а кај странските има зголемување  за 5.4%.

Најчестите гости се Турците, Србите, Бугарите, Холанѓаните, Грците, Албанците, Германците, а другите туристи се во помал број.

Слично

Поврзани вести