Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку туристи ја посетиле Албанија во првите три месеци?

Колку туристи ја посетиле Албанија во првите три месеци?

Во првите три месеци годинава Албанија ја посетиле над 1,6 милиони туристи, а во друга земја патувале околу 2 милиони нејзини граѓани.

Во првите три месеци од годинава во Албанија престојувале 1,677.000 туристи, што укажува дека туризмот повторно ќе биде во пораст, и покрај кризата на Блискиот Исток.

Според Институтот за статистика (ИНСТАТ) само во март имало 609.000 туристи, 10 отсто повеќе споредено со истиот месец минатата година, кои посетиле разни градови или се сретнале со роднини или имале медицински услуги.

Посетителите од Африка, исто така, бележат зголемување, иако бројките се сè уште ниски. Пристигнувањата од Америка достигнаа 13.000 во март.

Сепак, доминираат европските туристи, со 576,000, од кои 90 проценти доаѓаат од јужна Европа.

Во Албанија минатата година престојувале 12.466. 038 странци, што беше за 6,6 отсто или 769,960 лица повеќе споредено со претходната година се приходите од туризам биле над 4,4 милијарди евра.

Инаку, албанските власти кажаа дека сакаат да привлечат богати туристи. 

МИА

foto Wikipedia/Gary Bembridge

Слично

Поврзани вести