Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку Турци, Срби, Бугари и Грци дошле во Македонија во јануари?

Колку Турци, Срби, Бугари и Грци дошле во Македонија во јануари?

Раст од 6,2 проценти имало на бројот на туристи во јануари годинава. 

Најмногу странски туристи во јануари годинава имало од Турција, 6.732, од Србија дошле 3.563, од Бугарија имало 3.256, од Грција дошле 3.060 туристи. 

Бројот на туристите во јануари годинава изнесувал 52.943, од кои 38,2 проценти се домашни, а 61,8 проценти странски, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во јануари се реализирани 103 983 ноќевања, 45,5 проценти од домашни туристи, а 54,5 проценти од странски туристи.

Податоците на ДЗС покажуваат дека вкупниот број на туристи во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, е зголемен за 6,2 проценти, а бројот на ноќевањата е намален за 2,7 проценти. Кај домашните туристи во јануари има годишен раст од 10,1 процент, а кај странските за 3,9 проценти. Ноќевањата на домашните туристи се зголемени за 4 проценти, а на странските се намалени за 7,7 проценти.

foto Wikipedia/Diego Delso

Слично

Поврзани вести