Колку Турци, Германци и Срби ја посетиле Македонија во ноември лани?
Најмногу странски туристи и во ноември лани имало од Турција – 12.401, по што следуваат Германија – 11.812, Србија – 3.793, Грција – 3.506.
Во ноември 2025 година 77.570 туристи оствариле 146.605 ноќевања во Македонија. Од вкупниот број туристи, 25,7 отсто се домашни, а 74,3 отсто се странски туристи, објави Државниот завод за статистика(ДЗС).
Бројот на ноќевањата изнесува 146.605, од кои 33,9 отсто се од домашните туристи, а 66,1 отсто од странските туристи.
Во периодот јануари – ноември лани, во однос на истиот период од 2024 година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6 отсто, со тоа што кај домашните туристи има намалување за 2,5 отсто, а кај странските има зголемување за 10,3 отсто.
Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 0,8 отсто, така што кај домашните туристи има намалување за 4,3 отсто, а кај странските има зголемување за 6,9 отсто.
foto Wikipedia/Slavica Panova
