Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку црногорски компании се во сопственост на странци?

Колку црногорски компании се во сопственост на странци?

Во Црна Гора 4.200 компании се во сопственост на странци.

При тоа во 32% од случаите сопствениците се  Руси, 18.7% се од Србија, а 4.9% од БИХ, покажуваат податоците на Заводот за статистика.

Бројот на граѓани од Украина кои поседуваат компании во земјата се зголемува од година во година и изнесува 10.6%.

Најголем број од компаниите со сопственици странци се во Подгорица и тоа 25,8%, во Будва се 21.8%, Бар 19.4%, и Херцег Нови 12%.

Овие фирми се занимаваат со трговија на големо и мало и поправка на возила и тоа 22.6%, градежништво 14.3%, стручна, научна и техничка дејност 15.3%, и работа со недвижнини 8%.

Ако се земе вкупно, најголем дел од компаниите ги управуваат граѓани од Русија и Србија.

Фирми кои се во сопственост на граѓани од Италија и Кина се концентрирани на продажба на големо и мало и поправка на моторни возила.

Газдите од БИХ стопанисуваат со фирми кои се од градежниот сектор.

Слично

Поврзани вести