Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку трошат домаќинствата во светот за храна?

Колку трошат домаќинствата во светот за храна?

Има само 8 земји во светот каде што домаќинствата трошат помалку од 10% од своите приходи за храна. 

Четири од нив се во Европа: Обединетото Кралство е на трето место во светот со 8,2%, потоа е  Швајцарија со 8,7%, Ирска со 9,6% и Австрија со 9,9%.

Американците одделуваат најмал дел од приходите за храна на глобален план - само 6,4%. Сингапур е на второ место со 6,7%. Рангирањето се дополнува од Канада со 9,1% и Австралија со 9,8%.

Топ 10 земјите каде се трошат најмалку пари за храна, се дополнуваат од Германија (10,3%) и Данска (11,1%).

Нигериските домаќинства трошат над половина од своите приходи за храна. Постојат 9 земји, каде трошоците за прехранбени производи се над 40%.

Четири од нив се во Африка: Нигерија (56,4%), Кенија (46,7%), Камерун (45,6%) и Алжир (42,5%). Во Азија, исто така има четири: Казахстан (43,0%), Филипини (41,9%), Пакистан (40,9%) и Азербејџан (40,1%). Гватемала е единствената јужноамериканска земја во листата со трошоци од 40,6% за храна.



Слично

Поврзани вести