Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку треба за живот без стрес?

Колку треба за живот без стрес?
Од 3,4 милиони работници и пензионери од нив 719.679 не мораат да размислуваат дали ќе имаат пари за живот, бидејки за „влакно“ живеат подобро од останатите српски граѓани. За живот без стрес е потребно платата да биде од 110.000 и 150.000 динари бидејки со толку пари во Србија можат да се покријат сите трошоци, и сепак да остане дел за летен одмор, бензин и гардероба, објаснува  економскиот аналитичар Зоран Попов. Во оквирот на овој просек се движат и многу од заработувачките на универзитетските професори, банкари,директори.. Душан Вучковик, потпреседател на Сојузот на самостојни синдикати во Србија, смета дека денес пристојната плата во оваа земја би требало да биде 110.000 динари, бидејки потрошувачка кошничка за трочлено семејство чини 60.000 динари. Сепак анкета направена меѓу српските граѓани , покажува дека тие најмногу пари трошат на храна, комуналии, а 0,8 одсто одат за образование.
Слично

Поврзани вести