Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koлку „тежи“ трговскиот дефицит во периодот јануари – февруари?

Koлку „тежи“ трговскиот дефицит во периодот јануари – февруари?

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 15 744 994 илјади денари.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република  Македонија, во периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 54 222 640 илјади денари и бележи пораст од  23.6 % во однос на истиот период од претходната година. 

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 69 967 634 илјади денари, што е за 16.8 % повеќе во споредба со истиот период од 
претходната година.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 77.5 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со  благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или  бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите 
на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови),  плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – февруари 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.

Слично

Поврзани вести